Имплементацијата на меѓународни стандарди неопходна за поголема конкурентност на пазарот
➢ Актуелно (01.10.2020)
👁 Прочитано: 7542




Имплементацијата на меѓународни стандарди неопходна за поголема конкурентност на пазарот

PiKCELL Group е компанија која е основана во 2018 година во Скопје, која се фокусира на развивање и производство на монокристални и поликристални фотоволтаични соларни модули. Прва компанија од овој тип отворена во Македонија која се простира на површина од 1500 м² со годишен капацитет на производство од 50 MW (мегавати) на монокристални и поликристални соларни модули. Фирмата е посветена на истражување и развој на производи со поголем квалитет и подобри перформанси.

Стопанската комора на Македонија како партнер во проектот за изготвување на Смарт-специјализација реализира средба со сопствениците на  „PiKCELL Group“, Горанчо Паунов и Димиртар Ковачески. На средбата се разговараше за предизвиците со кои се соочува нивната фирма  како резултат на КОВИД-19 кризата, за тековните проблеми во дејноста, но и за потенцијалите за натамошен развој и остварување поголема конкурентност на производите на пазарот.

Компанијата работи на подобрување и развој на работните процеси и непрестано вложува во обука на квалитен стручен кадар, со цел подобрување на услугите кои ги нуди на пазарот. Соработката со најпознатите светски производители на репроматеријали, гарантира највисок квалитет на финалниот производ. Високиот квалитет на фотоволтаични модули, PiKCELL Group го докажува со имплементацијата на  меѓународните стандарди IEC  за квалитет на фотоволтаични модули.

Перо Авакумовски
Соработник во организационата целина за претставување на членките и вмрежување