“Hermès Birkin” чантите - најскапите чанти на светот
👁 Прочитано: 920



“Hermès Birkin” чантите - најскапите чанти на светот

Општо е познато дека чантите Hermès Birkin се исклучително скапи, но и еден од најбараните модни предмети на светот од друга страна. Една Birkin чанта може да чини најмалку илјада долари, а највисоката цена која е платена за Hermes чанта на аукција изнесува 379.261 американски долари.

Постојат неколку причини зошто Hermès Birkin чантите се енормно скапи:

Изработени се од вистинска кожа

Притоа се мисли на најфината кожа на светот. Со оглед на тоа што цената на ваква чанта се движи од 12 илјади долари, може да се добие гаранција дека кожата е исклучително квалитетна, а најчесто производителот користи телешка кожа.

Направени се од кожа од врвен квалитет

Станува збор за кожа од крокодил, ној, коза или гуштер. Сите, сами по себе се прескапи посебно затоа што во многу земји ловот на овие животни е забранет.

Деталите на овие чанти се направени од племенити метали

Сите брави, копчиња и клучеви на Hermès чантите обложени се со паладиум или злато.

Содржат и дијаманти

Дијамантите обично не се задолжителен дел на овие чанти, туку се додаваат по желба на купувачите доколку некој сака да купи уникатна чанта.

Сите чанти се изработуваат рачно

Hermès чантите се изработуваат рачно со посебна метода која во Франција е стара веќе два века. Целата чанта од почеток до крајот е сошиена, полирана и рачно обоена со посебно внимание кога станува збор за изработка на овие чанти. Посебно, за нивна изработка потребна е голема вештина и внимание кон деталите. На светот не постојат други произведувачи на Hermès чантите, што оваа компанија ја прави уникатна и единствена.

Скоро сите чанти се со лимитирана серија

Hermès Birkin чантите не се произведуваат за масовна употреба, а можеби некои од нив постојат само по еден примерок. Огромен процент од овие чанти се изработуваат по мерка и се ограничуваат во производство на мал број серии.

Овие чанти претставуваат сигурна инвестиција

За разлика од другите модни додатоци, Hermès чантите всушност добиваат на вредност како поминува времето, што се потврдува со податокот дека, вредноста на Birkin чантите пораснала за 500 проценти во последните 35 години. Тоа претставува просечен годишен принос од 14,2 проценти. Во 2016 година пријавено е дека постои рекорден број на колекционери/инвеститори на Hermès чантите со што се потврдува констатацијата дека постои голем пазар на овие чанти како нови така и стари.

Кој можеше да замисли дека еден од најпосакуваните предмети во последните децении ќе се роди на “небото”, во 1984 година, на летот од Париз до Лондон? Британската глумица Jane Birkin, седејќи покрај Jean-Louis Dumas, извршниот претседател на Hermès (1978-2006), се жалеше дека не може да најде соодветна чанта за нејзините потреби како млада мајка. Роден творец со “остро око”, Dumas веднаш направил скица на еластичен и простран правоаголен држач со посветен простор за шишиња за бебиња-Ова е зародишот на Hermès Биркин чантата!

Инаку Hermès брендот е познат по неговата првобитна врска со коњичкиот спорт, за да прерасне во еден од најпопуларните модни брендови на денешницата. Така, Hermès е основан во 1837 година од страна на производителот на коњски седла Tieri Hermes, а со тек на време неговата компанија станала позната по предмети од кожа, парфеми, уникатни марами, шалеви и други модни додатоци. Го наследил неговиот син Шарл Емил и со помош на неговите синови компанијата станува елитна во Европа, Северна Африка, Русија, Азија и САД. Емил Морис, синот на Шарл Морис во 1922 година почнува да произведува и чанти. Благодарение на него шалевите станале дел од француската мода, а прв изработил и голф кожна јакна која била наменета за принцот Чарлс. По неговата смрт, компанијата ја наследил Роберт Дума кој бил првиот сопственик кој не припаѓа на фамилијата Hermes. Денес, на компанијата, еден од најпознатите производи е рачно изработената кожна чанта која името го добила по глумицата Џејн Биркин и повеќе од две децении претставува статусен симбол.

Служба за информирање при Комората