Поради уникатноста на производството и својствата, магарешкото сирење е најскапо во светот
👁 Прочитано: 1246



Поради уникатноста на производството и својствата, магарешкото сирење е најскапо во светот

Најскапото сирење во светот се произведува во Србија. Специјалниот природен резерват Засавица кај Сремска Митровица произведува магарешко сирење по неверојатна цена од 1.000 евра за килограм.

Менаџерот на резерватот, Слободан Симиќ, вели дека Засавица е дом на првата фарма за магариња на Балканот, која во моментов има околку 250 животни, но само некои од нив даваат доволно млеко. Високата цена на сирењето е оправдана со фактот дека за еден килограм се потребни 25 литри млеко, а едно магаре дава околу 200 милилитри млеко дневно.

Овој бизнис на еден начин е и заштита на балканското магаре, животно кое се’ помалку го има бидејќи во земјоделството за обработка се користат машините. Откако е утврдено дека овој бизнис е исплатлив, се’ повеќе фарми започнуваат со одлгедување на магариња, за да произведуваат магарешко сирење.

Фармите вообичаено продаваат помеѓу шест и 15 килограми сирење годишно, најчесто за странски туристи кои ги посетуваат како атракција. Од магарешкото млеко исто така, се  произведува сапун а и ликер.

Специфичното производство на магарешкото сирење го прави да биде уникатно и многу мал број луѓе во светот може да го произведат. Магарешкото млеко има мало ниво на касеин – тип на протеин кој се јавува како сврзувач на производството на млеко. За благодетните својства на ова млеко, стои и фактот дека може да го пијат и новороденчиња од својот прв ден, без да имаат потешкотии, па поради тоа се вели дека е „чудо на природата“.  Поради големиот процент на протеини кои ги содржи, ова млеко е препознаено од ОН како добра алтернатива за оние кои имаат алергии на кравјото млеко.

Служба за информирање при Комората