ММФ: За закрепнување од кризата ќе треба да поминат многу години
👁 Прочитано: 1082



ММФ: За закрепнување од кризата ќе треба да поминат многу години

-Кризата предизвикана од пандемијата поради корона вирусот трае подолго отколку што се очекуваше и на одредени земји ќе им бидат потребни години пред нивните економии повторно да почнат да растат, наведе првиот заменик на директорот на ММФ, Геофри Окамото. 

На состанокот во Центарот за стратешки и меѓународни студии во Вашингтон, Окамото потсети дека Меѓународниот монетарен фонд издвои 90 милијарди американски долари за итно финансирање на скоро 80 земји, но дека настојува да работи со земјите-членки и на намалување на последиците од пандемијата. Воедно, тој најави дека ММФ ќе се обиде да ја одржи својата финансиска моќ. Според Окамото, за поврат на растот ќе бидат потребни неколку години, а на многу земји на тој пат ќе им биде потебна поддршка.

Служба за информирање при Комората