Одржан семинар во организација на Стопанската комора на Македонија на тема: ОРГАНИЗАЦИЈА И РЕАЛИЗАЦИЈА НА РАБОТЕЊЕТО ВО ПИСАРНИЦА, УПРАВУВАЊЕ СО СПИСИТЕ И АКТИТЕ ВО СОГЛАСНОСТ СО ПОТРЕБИТЕ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА
➢ Актуелно (10.09.2020)
👁 Прочитано: 924



Одржан семинар во организација на Стопанската комора на Македонија на тема: ОРГАНИЗАЦИЈА И РЕАЛИЗАЦИЈА НА РАБОТЕЊЕТО ВО ПИСАРНИЦА, УПРАВУВАЊЕ СО СПИСИТЕ И АКТИТЕ ВО СОГЛАСНОСТ СО ПОТРЕБИТЕ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА

Приемот и движењето на документите во една организација е од особено значење за обезбедување непрекинато работење, а навременото распределување на документите по организациони единици и доставувањето до одговорните лица, говори многу за ефикасното канцелариско и архивско работење во организацијата.

Ограничувањето, а во некои случаи и целосниот прекин на работниот процес, доведоа до потреба работодавачите исклучително брзо и ефикасно да се адаптираат на новите услови на пазарот, да воведат интерни мерки кои не само што ќе го одржат деловниот потфат во живот и ќе овозможат негово натамошно функционирање, туку и да обезбедат сигурно функционирање и остварување на деловниот процес преку приемот, заведувањето и распределбата на документи, кои секојдневно пристигаат во институциите.  
         
Со цел да се одговори на актуелните потреби, прашања и дилеми, Стопанската комора на Македонија, на 10 септември 2020 година, организираше еднодневен семинар на тема: ОРГАНИЗАЦИЈА И РЕАЛИЗАЦИЈА НА РАБОТЕЊЕТО ВО ПИСАРНИЦАТА, УПРАВУВАЊЕ СО СПИСИТЕ И АКТИТЕ ВО СОГЛАСНОСТ СО ПОТРЕБИТЕ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА, ПРИСТАП, СЕЛЕКЦИЈА, СКЛАДИРАЊЕ, ЧУВАЊЕ И ПОНИШТУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ.  

Практичниот аспект на овој семинар имаше за цел да ги дефинира комплексните активности во процесот на административно работење со документи и записи, начините на нивно распоредување, како и овластувањата и одговорностите за нивното извршување, во согласност со законските прописи и интерните акти на организацијата. 

Семинарот исто така ги третираше и темите кои се однесуваат на организација и реализација на работењето во писарница, начинот на управувување, чување, селекција, складирање и поништување на документи.  Интерактивноста на семинарот дополнително разви дискусија помеѓу учесниците и овозможи разјаснување на сите дилеми и проблеми кои произлегуваат во секојдневното работење во оваа област. 

Предавач на семинарот беше Валентина Тодоровска, магистер по економски науки, специјалност финансиски менаџмент, управител на „Акаунтинг Солушнс“, со 25-годишно искуство во областа на архивското работење. Тодоровска повеќе од 5 години е активен предавач на обуките во организација на Центарот за едукација и развој на човечки ресурси, обуки кои Комората ги креира во согласност со барањата и потребите на реалниот сектор.

М-р Анита Митревска
стручен соработник во Стопанска комора на Македонија