Адора инженеринг одбележува 18 години успешно работење
➢ Актуелно (28.08.2020)
👁 Прочитано: 2136



Адора инженеринг одбележува 18 години успешно работење

Во градежниот сектор – високоградба, „Адора инженеринг“ денес е бренд препознатлив по воведувањето нови стандарди – синоним за сигурна градба. Во изминативе 18 години компанијата ја врати довербата кај македонските граѓани да инвестираат во недвижности во земјава, даде огромен придонес во развојот на вкупната економија, ангажираше над 500 вработени, донираше 5 милиони евра во заедницата за изградба на подобро општество за сите, а над 50-те награди само ја потврдуваат успешната приказна на компанијата, наведуваат од Адора.

„Адора инженеринг е основана на 28 август 2002 година, на големиот православен христијански празник и Денот на рударите, длабоко врежан во мојот работен век, на почетокот поминувајќи ги сите скалила во рудникот „Бучим“, а како најмлад генерален директор издигнувајќи го рудникот на највисоко ниво на рентабилност. Затоа кога решив да влезам во приватниот сектор го одбрав токму 28 август да ја основам Адора инженеринг. После 18 години, можам да кажам дека бренд како што е Адора инженеринг во македонското градежништво-високоградба, се гради со многу храброст, знаење, посветеност, со многу работа и со многу пот. Бренд не е само име, туку бројки, податоци, факти кои го потврдуваат растот на една компанија, придонесот што го дала за севкупната економија, врз развојот на државата. Верувам во својата држава и верувам дека инвестираните средства секогаш вродуваат со плод. Секогаш сум сметал дека со многу работа, знаење, посветеност и храброст, успехот доаѓа“, наведува основачот и генерален директор на Адора инженеринг, проф.д-р Ванчо Чифлиганец, кој на сите вработени и на сите оние кои во изминативе 18 години го дале својот придонес во развојот на Адора инженеринг, искрено и од срце им се заблагодарува и им честита на постигнатите успеси.
За 18 години „Адора инженеринг“ има изградено 40 репрезентативни станбено-деловни објекти. Станува збор за инвестиции со економски обрт од околу 330 милиони евра и изградени 300 илјади m² нето-развиена површина, со околу 3.000 висококвалитетни домови, во кои живеат над 12 илјади граѓани, тоа е еден мал Адорин град. Во изминативе 18 години Адора е постојано меѓу 200 најуспешни и најголеми компании во државата, шест години меѓу 25-те најуспешни фирми и најбрзорастечки компании. Бројот на вработените од само двајца на почетокот се искачи на околу 500 градители, на кои редовно им се исплатуваа плати, надоместоци и придонеси, стои во соопштението од компанијата.

Адора инженеринг е членка на Стопанската комора на Макединија и активно е вклучена во работата на органите и телата на Комората.

 

Служба за информирање при Комората