Павло Кривинскиј: Рудникот Боров дол почнува со производство во декември
➢ Актуелно (28.08.2020)
👁 Прочитано: 6485




Павло Кривинскиј: Рудникот Боров дол почнува со производство во декември

Оперативноста на рудникот Боров Дол ќе придонесе во развојот на македонската економија. Со неговото отворање ќе се овозможи продолжување на ископ на бакарната руда најмалку до 2030, оперативност на постоечките преработувачки објекти во рудникот Бучим, зачувување на работните местаи можност за нови вработувања, наместо затварање на Бучим, во кој рудните резерви се исцрпени и моментално експлоатацијата на руда е во фаза на завршен процес. Рудникот Боров Дол содржи докажани и проспективни резерви од околу 40 милиони тони руда со 0,26 проценти бакар и 0,20 г/т злато. Боров Дол е современ рударски проект,  развиен со оглед на постојаниот и одржлив социо-економски развој на регионот, заштита на животната средина  во текот на целиот животен циклус на рудникот, јасно планирање за употребата на постојната инфраструктура и локалниот пазар на труд.

Планираната инвестицијата во овој проект изнесува 69 милиони евра. Досегашната вкупната инвестиција изнесува 52 милиони евра, од кои 2,2 милиони евра инвестиции во геолошки истражувања и проектирање, 16,5 милиони евра во инвестициска раскривка на рудното тело, 23 милиони евра во рударска опрема и технологија и 9 милиони евра во изградба на инфраструктура на рудникот. Овој проект, освен што ќе го продолжи животниот век на рудникот Бучим, ќе придонесе и за одржливиот економски и социјален развој на три општини - Конче, Штип и Радовиш, посочува Павло Кривинскиј, генерален директор на рудникот Боров дол во интервју за порталот Фактор, достапно на следниот линк.

 

Служба за информирање при Комората