Светскиот тренд на инвестиции во обновливи извори на енергија го следи и Шпанија
➢ Актуелно (11.08.2020)
👁 Прочитано: 970



Светскиот тренд на инвестиции во обновливи извори на енергија го следи и Шпанија

Инвестицијата во обновливите извори на енергија има повеќе бенефити, овој вид на енергија не произведува емисии на стаклени гасови од фосилните горива и го намалува загадувањето на воздухот. Обновливите извори на енергија го диверзифицираат снабдувањето со енергија и ја намалуваат зависноста од увезени горива, создавајќи економски развој и работни места во производството, инсталацијата и многу повеќе. 

Белгија, Австрија и Шведска на своите територии веќе ги затворија сите електрани на јаглен, а следејќи го нивниот пример и Шпанија настојува својот енергетски микс во потполност да го декарбонизира и да произведува исклучиво „чиста” струја до 2050 година. За таа цел Шпанија ќе вложи 316 милиони евра во развој на проекти со фокус на користењето на обновливи извори на енергија. Според шпанското Министерство за еколошка транзиција, парично ќе биде подржан проектот во секторот зелена термална енергија, вклучувајќи топлотни пумпи и електрани со концентрирано сончево зрачење. Шпанија финансиски ќе го поддржи и складирањето енергија во склоп на паркови со ветерници и фотонапонски системи. Сепак, за да ги добијат овие средства од Владата, потенцијалните инвеститори ќе треба да исполнуваат одредени критериуми, како што се локација, потекло на технологијата и во која мера може да се придонесе во намалување на зависноста од фосилни горива. При доделување на средствата, предност ќе им биде дадено на оние проекти кои се сместени на местата на веќе затворените електрани на јаглен.

 

 

 

Служба за информирање при Комората