Фиат Тофас производител на автомобили од Бурса, Република Турција, произведе 84.500 комерцијални возила и патнички автомобили во првата половина на оваа година, а извезе 48.200 автомобили во истиот период. Компанијата Фиат Тофас, е холдинг помеѓу турската Хоџ Холдинг и италијанската Фиат Крајслер. Како резултат на кризата предизвикана од пандемијата, профитот на оваа компанија опадна во првата половина на оваа година, споредбено со минатата година кога во истиот период оствари профит од 1.1 билион американски долари.
Холдингот е производител на сите брендови на Фиат, вклучувајќи ги Fiat, Fiat Profesional и Alfa Romeo и Jeep, а од пазарот на автомобили му припаѓаат 16.2 % односно продажба на 41.115 автомобили. Турскиот пазар на автомобили е рангиран на шесто место во Европа, после Германија, Франција, Британија, Италија и Шпанија.