Според извештајот објавен од мрежата за климатски дејствија на Европа, Словенија е меѓу седумте земји-членки на ЕУ кои планираат да ја намалат употребата на јагленот до 2030 година. За таа цел Министерството за инфраструктура на Словенија, формираше мрежна платформа како главен комуникациски канал за активности поврзани со подготовка на Националната стратегија за исфрлање на јаглен од употреба и реструктуирање на регионите со јаглен.
Во согласност со Националниот план за енергетика и клима (НЕЦП), Словенија мора да подготви долгорочна Национална стратегија за реструктуирање и транзиција на регионите со јаглен, со што ќе се достави распоред за праведен план за предвремено затворање на рудникот за јаглен „Премоговник” во Велење и фазирање на јаглен во термоцентралата Термоелектрана „Шоштањ”.