Големите туристички центри изградени за потребите на масовен туризам на брегот на Црното Море во Бугарија, ова лето се празни. За да се пополни капацитетот на овие туристички центри потребни се по 100 чартер летови дневно, велат од Бугарската туристичка асоцијација, но состојбата во хотелските објекти во моментов е поразителна со само 15 % пополнети капацитети. Кон крајот на јули годинава, Бугарија регистрираше повеќе од 12.000 заболени од КОВИД -19, односно околу 330 дневно. 
Приходите од секторот туризам во Бугарија изнесуваат 12 % од годишниот буџет и туризмот претставува значаен дел од економијата на оваа држава. Од Бугарската туристичка асоцијација повикуваат на итна финансиска помош од државата за целокупниот туристички сектор во Бугарија.