Запознајте ги членовите на нашиот Управен одбор – МАРТИН ВЕЛКОВСКИ, „ФАКОМ“ АД СКОПЈЕ
➢ Актуелно (23.07.2020)
👁 Прочитано: 1382



Запознајте ги членовите на нашиот Управен одбор – МАРТИН ВЕЛКОВСКИ, „ФАКОМ“ АД СКОПЈЕ

„Факом АД“ Скопје е формиран во 1960 год за потребите на изградбата и инвестиционото и тековното одржување на Рудници и Железарница "Скопје" - Скопје. Многу бргу ја надраснува својата улога и почнува да работи и за клиенти во поранешна Југославија и странство (Ирак, СССР, Виетнам, Либан, Камерун и повеќето европски земји). Како еден од најголемите капацитети во регионот во 1982 год се одвојува како посебна организација.

Основна дејност на „Факом АД“ Скопје е производство и услуги од металопреработувачка дејност и опфаќа проектирање (изработка на комплетна проектна документација за сите видови челични конструкции и процесна опрема за индустријата, како и изработка на идејни, основни и изведбени проекти по сопствени проектни решенија и разработка и доработка на изведбени проекти), производство (на сите видови челични конструкции за потребите на јавниот сектор и индустријата, како и на легирани челични лимови, топловалани профили, цевкасти профили, поцинкувани и пластифицирани лимови итн.) и монтажа (на сите видови челични конструкции и процесна опрема произведени од компанијата, како и монтажа на инвестициона опрема, ремонти, реконструкција и одржување на рударски машини и транспортни ленти во површински копови, термо и хидроенергетски постројки, црна и обоена металургија, цементна и хемиска индустрија).

 

Компанијата има реализирано бројни проекти во тешката индустрија (металургија, рафинерии, цементарници, термоцентрали), големи објекти (производни хали, спортски сали, стадиони), мостови и специјални конструкции (силоси, резевоари, оџаци, хидротехничка опрема и цевководи итн).

 

Мартин Велковски е Генерален директор и претседател на Управниот одбор на „Факом“ АД Скопје, со претходно долгогодишно искуство на работни позиции во менаџментот на компанијата.

Мартин Велковски е член на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија и член на Собранието на Стопанската комора на Македонија, за мандатниот период 2020-2025.

 

 

Служба за информирање при Комората