Запознајте ги членовите на нашиот Управен Одбор – ТОДОР АНЃУШЕВ, „МАЛИ ХИДРО ЕЛЕКТРАНИ“ ДОО СКОПЈЕ
➢ Актуелно (20.07.2020)
👁 Прочитано: 1149



Запознајте ги членовите на нашиот Управен Одбор – ТОДОР АНЃУШЕВ, „МАЛИ ХИДРО ЕЛЕКТРАНИ“ ДОО СКОПЈЕ

Компанијата „Мали хидро електрани“ ДОО Скопје е национален лидер во производство на чиста електрична енергија од 25 мали хидроелектрани. Секторот е 100% посветен на обновлива енергија и на заштитата на животната средина, со основна мисија да се поттикне промената на знаењето и свесноста за начинот на кој енергијата е произведена, преку изведување на проекти кои нудат чисти и обновливи извори на енергија.

МХЕ се придржува на највисоките стандарди во секторот, а една од главните мисии на компанијата е да придонесе и да влијае на промената на сознанието и свеста за начинот на кој се произведува електричната енергија, преку реализација на проекти кои нудат чисти и обновливи извори на енергија, спротивно од фосилните горива кои се и ограничени и загадувачки.

Тодор Анѓушев е управител на компанијата „Мали хидро електрани“ ДОО Скопје, а истовремено е управител и на ЕМС ДОО (Energy Maintenance Solutions), компанија која работи како инспекциско тело, сертифицирана за испитување електрична опрема, и има лиценца за монтажа и одржување на (мали хидро) електрани. Компанијата спроведува проекти клуч на рака – монтажа и пуштање во работа на електро-машинска опрема во мали хидро електрани, како и одржување и периодични тестирања на релејна заштита во многу фабрики, електрани и трафостаници во Република Северна Македонија, и во моментот е ангажирана за одржување и Мониторинг на 45 МХЕ.

Тодор Анѓушев е претседател на Групацијата на обновливи извори на енергија при Македонската енергетска асоцијација (МЕА) при Комората од 2017 година, и е член на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија за мандатниот период 2020-2025.

 

Служба за информирање при Комората