„ВИНЕРБЕРГЕР“ - ВИНИЦА: ЕФИКАСНА АДМИНИСТРАЦИЈА - ПРЕДУСЛОВ ЗА ДОЛГОРОЧЕН УСПЕХ НА КОМПАНИИТЕ
👁 Прочитано: 1477


Постојан успех - цел на сите македонски компании
„ВИНЕРБЕРГЕР“ - ВИНИЦА: ЕФИКАСНА АДМИНИСТРАЦИЈА -  ПРЕДУСЛОВ ЗА ДОЛГОРОЧЕН УСПЕХ НА КОМПАНИИТЕ

Претставниците од Стопанската комора на Македонија, Анета Димовска и Нена Николовска, реализираа посета на компанијата „Винербергер“ од Виница, дел од истоимената групација која е најголем светски производител на тули, фасадни тули и предводник на европскиот пазар за покривна глинена ќерамида.

-Производството на компанијата во моментот е во прекин, додека остварувањата во првиот квартал годинава забележуваат пад од околу 70 % во однос на првиот квартал минатата година како резултат на пандемијата на Ковид–19, – информираше директорот за продажба, Владимир Златковски. 
Покрај тешкотиите во работењето предизвикани од кризата поради корона вирусот, компанијата веќе подолг период се соочува со неизвесност во обезбедувањето на глината како основна суровина во производството. Во таа насока, во рамки на работната посета се дискутираше дека за непречено одвивање на производството и раст на индустријата на градежни материјали, во иднина покрај директните мерки за поддршка на стопанството, од големо значење ќе биде и ефикасното постапување на администрацијата со доследно почитување на роковите од страна на надлежните органи при издавање на потребните мислења во постапките за обезбедување  концесии за минерални суровини, но и во останати постапки кои зависат од ажурноста на администрацијата.

„Винербергер“ вработува повеќе од 100 лица, 55% од производството се пласира на домашниот пазар, додека 45% се извезува во земјите од регионот, најголем дел во Бугарија.
Претставниците на Комората имаа можност да се запознаат и со производствениот процес во компанијата – од преработка на глината како минерална суровина, до добивање на ќерамидата како готов производ. 
 
 

м-р Нена Николовска
соработник во Стопанска комора на Македонија