АЛМЕРО ДОО ГОСТИВАР ДОНИРАШЕ ДУШЕЦИ ЗА ДЕЛ ОД БОЛНИЦИТЕ ВО ДРЖАВАВА ВО ВРЕДНОСТ ОД 800.000 ДЕНАРИ
➢ ОД КОМПАНИИТЕ (01.04.2020)
👁 Прочитано: 505



АЛМЕРО ДОО ГОСТИВАР ДОНИРАШЕ ДУШЕЦИ ЗА ДЕЛ ОД БОЛНИЦИТЕ ВО ДРЖАВАВА ВО ВРЕДНОСТ ОД 800.000 ДЕНАРИ

Во време кога секој ден ги броиме новозаразените од Covid -19, во време-невреме кога сите сме соочени со опасноста од заразување, постојат светли случаи кои додоа поддршка во напорите на институциите за справување со состојбата со Ковид-19. Една од таквите компнии кои донираше и покажа дека е општествена одговорна компанија, е компанијата Алмеро ДОО од Гостивар и нејзините сопственици, Мухамер и Хакан Ризванче. Нивната донација, во вредност од околу 800.000 денари, беше упатена до Клиниката за инфективни и фебрилни состојби –Скопје,  каде се донирани 110 душеци-голд флекс, Градската општа болница 8-ми Септември, каде се испратени 10 душеци и Инфективната клиника во Гостивар, која доби 18 душеци.

За оние помалку упатените во земјата, Алмеро ДОО е компанија, единствена во Северна Македонија специјализирана само за производство на душеци. Во своето производството ги користи најдобрите природни материјали, како и најсовремените технологии во светот и секако вештите раце на нивните мајстори внимателно го склопуваат секој дел, внимавајќи на секој детал, што доведе компанијата Алмеро ДОО, Гостивар да стане синоним за квалитет, префинети детали, вешта изработка.

Уште еднаш Алмеро ДОО, Гостивар го покажа своето големо срце покажуваќи дека ова е време кога сите треба да ја покажеме својата солидатрност, но и поддршка кон институциите и кон оние кои се борат со оваа болест, бидејќи здравјето е пред сè.

Валентина Цветковска

Служба за информирање при Комората