МАКЕДОНЦИ ИЗРАБОТУВААТ ВИЗИРИ ЗА ЗАШТИТА НА МЕДИЦИНСКИТЕ РАБОТНИЦИ
👁 Прочитано: 3388



МАКЕДОНЦИ ИЗРАБОТУВААТ ВИЗИРИ ЗА ЗАШТИТА НА МЕДИЦИНСКИТЕ РАБОТНИЦИ

Рубриката „Успешни приказни“ беше иницирана во насока на промоција на успешните потфати на поединци, компании или организации.

Во услови на прогласена вонредна ситуација, опколени со вести кои дополнително не загрижуваат и обесхрабруваат, бевме сведоци на една позитивна појава. Врз основа на иницијатива покрената на социјалните медиуми, група амбициозни млади лица ставија во функција повеќе од 35 приватни и комецријални 3D принтери за производство на заштитни маски со визири за медицинските работници во државата.

Планот за производство на количина од 6.000 визири за да се покријат сите јавни здравствени установи во држава незапирливо се спроведува, па така во изминатите 24 часа биле доставени првите 500 произведени визири во клиниките во Скопје, како и низ другите градови од државата каде што се регистирани заболени лица.

Голема благодарност на сите членови на заедницата кои постојано работат за да може да се направи доволна количина н амаски, а уште поголема благодарност до сите донори со чија помош се покриваат материјалите за овие маски да станат достапни за медицинските лица, односно за клиниките. Визирите не се за продажба и оваа иницијатива не е со цел за остварување профит – се наведува во соопштението од Иницијативата 3D Принт Медицинска Опрема.

Михајло Донев
 

Служба за информирање при Комората