КОМОРСКИ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ-ИНФОРМАЦИИ ЗА COVID 19 ВО РЕГИОНОТ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН
👁 Прочитано: 3331



КОМОРСКИ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ-ИНФОРМАЦИИ ЗА COVID 19 ВО РЕГИОНОТ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН

Коморскиот инвестициски форум, во соработка со  шесте комори од регионот на Западен Балкан (Стопанската комора на Македонија, Унијата на стопански комори на Албанија, Комората за надворешна трговија на Босна и Херцеговина, Стопанската комора на Црна Гора, Стопанската комора на Србија и Стопанската комора на Косово), заради обезбедување ажурирани и навремени информации релевантни за компаниите од подрачјето на Западен Балкан, на веб-страницата https://www.wb6cif.eu/, Коморскиот инвестициски форум ги обезбедува следните информации:

• Општи информации со лица за контакт во Коморите-основачи на Коморскиот инвестициски форум и релевантни информации за коронавирус COVID-19 во државите од регионот на   Западен Балкан -  https://www.wb6cif.eu/covid-19/. Преку лизгачот прикажан на почетната страница https://www.wb6cif.eu/, можете да пристапите, од едно место, на   веб-страниците на нашите стопански комори на членки кои содржат ажурирања и новости релевантни за компаниите за време на појавата на COVID-19
• Новости за транспорт, вклучувајќи и мерки предложени од Европската комисија и транспортни организации, како и оперативни информации во врска со моменталната состојба   на граничните премини (ажурирани двапати на ден) - https://www.wb6cif.eu/covid-19/transport-news/
• Информации за одлуки, заклучоци и препораки усвоени од Владите во државите од регионот на Западен Балкан - https://www.wb6cif.eu/covid-19/governments-decisions/
• Релевантни документи поврзани со коронавирусот COVID-19 од меѓународните организации - https://www.wb6cif.eu/covid-19/covid-19-response-by-international-  organizations/
• Информации за усвоени акти од Европската Унија, поврзани со справувањето со коронавирусот COVID-19 -  https://www.wb6cif.eu/signal/
• Корисни линкови со дополнителни документи, студии и вести за COVID-19 -  https://www.wb6cif.eu/covid-19/usukur-links/

Коморскиот инвестициски форум продолжува активно да работи на преземање мерки за ефикасно справување со последиците предизвикани од ширењето на коронавирусот. Размената на информации се одвива на дневно ниво, а продолжуваат активностите во соработка со Европската комисија, Секретаријатот на ЦЕФТА, Регионалниот совет за соработка и Транспортната заедница, во однос на проширувањето на иницијативата за европските „зелени коридори“ на подрачјето на Западен Балкан, и нивно поврзување со коридорите во ЕУ.

Служба за информирање при Комората