КАЈ ДАНИ ЗА СИТЕ МААНИ!

   

👁 Прочитано: 224


КАЈ ДАНИ ЗА СИТЕ МААНИ!

ТРИ ТОП ВЕСТИ

- Свет – „Црн понеделник“ на светските берзи. Забрана за тргување на Њујоршка берза, по најлошиот ден од финансиската криза во 2008 година.

- Македонија / Комора – Управниот Одбор на КИФ ќе одржи седница во Стопанската комора на Македонија.


П.С. Ги очекуваме вашите иницијативи, дилеми, предлози.

 


 

http://www.mchamber.mk/upload/98mk-4.png

- Во рубриката ПОРАКА ОД, д-р Елена Милевска Штрбевска, посочувајќи го извозот како стратешки приоритет на Комората, на 98-годишнината од работењето, става акцент на три работи:

Ø Комората годинава приоритет става на помош на компаниите во насока на реиндустријализација и диверзификација на извозниот потенцијал;

Ø конституиран е новиот состав на Собранието на Комората како највисок орган. Во мандатниот период 2020-2025 година ги има топ-бизнисмените во земјава и видни личности од науката, со цел да придонесат во градењето конкурентна национална економија, како дел од претпоставките за подобар економски раст;

Ø Собранието на Стопанската комора на Македонија повторно го избра Бранко Азески за претседател на Комората за следните 5 години.

Честитајќи и посакувајќи успешна работа на претседателот, на членовите на Собранието и на сите нас коморџии и компании-членки, д-р Милевска Штрбевска посочува дека следи период во кој најмоќната и најбројна бизнис асоцијација е исправена пред нови предизвици и динамични процеси, кои неизбежно бараат стратешко позиционирање и трансформација во „Комора на иднината“ која ќе може соодветно да ги следи новите трендови и современите барања и потреби на компаниите.

- Во АКТУЕЛНО… 98 години од постоењето одбележа Стопанската комора на Македонија. По тој повод беа доделени 10 НАГРАДИ И 4 ПРИЗНАНИЈА на компании-членки кои со своите активности ја обележаа 2019 година и кои долги години придонесуваат за коморското работење и за развојот на македонското стопанство. http://www.mchamber.mk/default.aspx?mId=3&evid=37827&lng=1

- Одбележувањето на годишнината на Комората беше во знакот на презентирање на студијата на ОЕЦД за развојот на економиите на Западен Балкан, како вовед во панел-дискусија со истакнати и потврдени домашни претприемачи, експерти и професори, тргнувајќи од определбата на Комората дека извозот е клучот за остварување поголем раст и развој на економијата на земјата. Студијата констатира: за раст на конкурентноста потребен е извоз на високотехнолошки производи. Панелистите со став - час поскоро инвестиции во кадар, опрема и менаџмент. http://www.mchamber.mk/default.aspx?mId=3&evid=37831&lng=1

Стопанската комора на Македонија има една цел - стабилен деловен амбиент, со цел компаниите да остварат раст на продуктивноста, конкурентноста, поголем извоз. Крајниот резултат е РАЗВОЈ. А развојот носи напредок.

Постоиме за вас!