ПОДДРШКА НА КОМПАНИИТЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ИЗВОЗНО КОНКУРЕНТНИ ПРЕДНОСТИ
➢ Актуелно (31.01.2020)
👁 Прочитано: 1408



ПОДДРШКА НА КОМПАНИИТЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ИЗВОЗНО КОНКУРЕНТНИ ПРЕДНОСТИ

Според Анализата на Стопанската комора на Македонија за идентификација на развојните можности за извозна диверзификација, со фокус на хемиската индустрија и сродните на неа индустрии, во овие дејности, 161 извозна компанија извезуваат производи во вкупна вредност од 1.366 милиони евра, од кои други производи на хемиската индустрија во вредност од 1.269 милиони евра, производи од гума и пластика во вредност од 106 милиони евра, фармацевтски производи во вредност од 88,4 милиони евра, неоргански производи вредни 7.4 милиони евра и органски производи во вредност од 1.248 илјади евра, посочи проф. д-р Дарко Лазаров презентирајќи ги резултатите од Анализата, пред членките на Здружението на хемиската индустрија. Студијата покажува дека 52 производа се со компаративна предност во производството и извозот, при што беа презентирани мапираните стратешки извозни производи од хемиската и сродни на неа индустрии (вклучувајќи ја фармацевтската индустрија).

Дел од присутните ги посочија проблемите со кои се соочуваат во производството на производи за извоз, пред се` од административен карактер, наспрема увозот на готовите производи, при што, д-р Лазаров информираше дека крајната цел на студијата е да се обезбеди стручна аналитичка поддршка на компаниите-членки на Комората во градење извозна конкурентност.

Поради истекот на мандатот на органите на сегашниот состав на Здружението, на седницата беа избрани членови на Управниот одбор. За претседател на Здружението се избра Александар Чадиковски, „ТГС ТЕХНИЧКИ ГАСОВИ“ АД – Скопје и за заменик-претседател Зоран Костовски, „АЛКАЛОИД“ АД  - Скопје.

ПОДДРШКА НА КОМПАНИИТЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ИЗВОЗНО КОНКУРЕНТНИ ПРЕДНОСТИПОДДРШКА НА КОМПАНИИТЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ИЗВОЗНО КОНКУРЕНТНИ ПРЕДНОСТИ

Љупка Илиевска-Самарџиска