УПРАВУВАЊЕ СО ФИЗИЧКИ ШТЕТНОСТИ

   

👁 Прочитано: 105


УПРАВУВАЊЕ СО ФИЗИЧКИ ШТЕТНОСТИ

Согласно законската регулатива за безбедност и здравје при работа, работодавачот има обврска да обезбеди безбедност и здравје при работа за неговите вработени од секој аспект поврзан со работата. Во рамките на неговите обврски, работодавачот мора да презема мерки потребни ризиците на работното место од изложеност на многу физички агенси.
Терминот „физички агенси" најчесто се користи за да ja опише групата на извори на енергија кои имаат способност да нанесат повреда или болест на работниците. Примерите на физички агенси вклучуваат: бучава, вибрации, електромагнетни зрачења, електрична енергија и екстремни температури.

За таа цел, Стопанската комора на Македонија на 24 јануари 2020 година, во соработка со Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР), организираше еднодневен семинар на тема: „УПРАВУВАЊЕ СО ФИЗИЧКИ ШТЕТНОСТИ“, на кој ќе бидат анализиран и бучава, вибрации и осветлување во работна средина. 
На семинарот присутните се сткнаа  со неопходни познавања за физичките штетности, супстанции  и одредени компетенции за управување со истите.

Предавачи на обуката беа:
- проф. д-р Виктор Гаврилоски, професор на Машинскиот Факултет - Скопје;
- проф. д-р Златко Петрески, професор на Машинскиот Факултет - Скопје;
- доцент д-р Јовица Вулетиќ, асистент професор на Факултетот за електротехника и информациски технологии и
- проф. д-р Елисавета Стикова, доктор специјалист по медицина на труд од  Институтот за јавно здравје. 

м-р Елизабета А. Ефтимова