КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ (ФОРМУЛИ, ФУНКЦИИ И ПИВОТ ТАБЕЛИ) И АНАЛИТИКА СО DASHBOARD ВО EXCEL 2016

   

👁 Прочитано: 174


КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ (ФОРМУЛИ, ФУНКЦИИ И ПИВОТ ТАБЕЛИ) И АНАЛИТИКА СО DASHBOARD ВО EXCEL 2016

КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ (ФОРМУЛИ, ФУНКЦИИ И ПИВОТ ТАБЕЛИ) И АНАЛИТИКА СО DASHBOARD ВО EXCEL 2016

Во периодот 23-24 јануари 2020 година во Стопанската комора на Македонија, а во организација на Центарот за едукација и развој на човечки ресурси се одржа дводневен семинар на тема: Канцелариско работење (формули, функции и пивот табели) и аналитика со Dashboard во  Excel 2016.

Предавач на семинарот беше Ирина Иванова, дипломиран инженер и професор по информатика веќе 18 години. Обучувач во областа на ИТ. Активно е вклучена во проекти финансирани од ЕУ, УСАИД и Британски Совет како експерт и обучувач.

Воедно е  ETwinning и Scientix амбасадор за Македонија. Учесник е на бројни конференции, но и автор на прирачници за основно и учебници за средно образование. Дводневниот семинар беше посветен на програмата за табеларно пресметување кој овозможува за најкратко време, стекнување на неопходното знаење за работа со формули и функции во Excel како ефикасно и со леснотија би се решавале различни задачи од работното секојдневие. Овој семинар даде одговор и на прашањето како максимално да се искористат информациите и да се креираат податоци корисни за донесување најдобри деловни одлуки. Преку изучување на пивот табелите, еден од скриените адути на Ексел, се овозможува брзо сумирање и анализирање на големи количини податоци. Но, на семинарот детално се објасни и  креирањето на Dashboard (контролни табли) – визуелен интерфејс кој дава визуелен преглед на комплетното работење врз основа на што брзо се донесуваат одлуки.

м-р Анита Рафајловска