„СОЛЕТА“ СО СТАБИЛНО ПРОИЗВОДСТВО

   

👁 Прочитано: 335


„СОЛЕТА“ СО СТАБИЛНО ПРОИЗВОДСТВО

Еден од проблемите со коишто се соочува компанијата е набавката на суровина, која поради болеста свинска чума и дисбалансот на пазарот предизвикан од Кина достигна енормно висока цена на светско ниво. Сепак, тоа не е проблем компанијата „Солета“ да го реализира планираното производство. Од менаџментот на компанијата сметаат дека мерката на Владата ја ублажи ваквата состојба и придонесе домашните компании повторно да си го вратат заслуженото место на домашниот пазар. Измена на Законот за царинска тарифа, согласно барањето кое го достави Групацијата на производители и преработувачи на месо, целосно ќе го реши проблемот на оваа стопанска гранка.

Индустријата за месни преработки „Солета“ - Скопје, со организирано производство на површина од 2400 м², веќе 24 години работи успешно. Со желба да се создаде квалитетен македонски производ, сопственикот на „Солета“, Светозар Илијоски, амбициозно тргна во остварување на идејата и реализација на крајната цел. Со тим од технолози и проектанти, со труд и напорна работа, создаде современ објект за преработка на месо и производство на месни производи.

солета скопјеПрименувајќи современи методи и следејќи ги новитетите во областа на месопреработката, во текот на изминатите години и понатаму перманентно инвестира во најсовремена технологија и опрема. Следејќи ги европските и светските трендови, како и барањата и очекувањата на купувачите, компанијата успеа да создаде македонски производи со препознатлив вкус и врвен квалитет. Потврда за тоа беше знакот за квалитет „ Со гордост од Македонија“ кој две години по ред ги награди нивните производи за најдобар вкус и најдобро пакување.

Асортиманот на „Солета“ го сочинуваат 70-тина производи , кој континуирано се надградува со нови производи, притоа задоволувајќи ги основните производни критериуми и стандарди. Целокупната палета на производи на „Солета“ се НАССР сертифицирани со сертификат валиден и конкурентен во земјите на ЕУ.

Васко Ристовски