ДЕФИНИРАЊЕ НА ПОТРЕБИТЕ НА ПОТРОШУВАЧИТЕ / КЛИЕНТИТЕ И ПОТРАГА ПО КЛИЕНТИ

   

👁 Прочитано: 204


ДЕФИНИРАЊЕ НА ПОТРЕБИТЕ НА ПОТРОШУВАЧИТЕ / КЛИЕНТИТЕ И ПОТРАГА ПО КЛИЕНТИ

Следејќи ги потребите на реалниот сектор во насока на подобро позиционирање на пазарот, дефинирањето на потребите кои ги имаат клиентите е основа за воспоставување на успешна маркетинг и продажна стратегија. Динамиката на работењето и достапноста на информации постојано ги менуваат потребите и преференциите на клиентите што не` обврзува постојано да имаме систем на следење на тие промени и креирање на соодветна стратегија за нивно надминување и инкорпорирање во бизнисот.

За таа цел Центарот за едукација и развој на човечки ресурси при Стопанската комора на Македонија, на 23 јануари 2019 година ја организираше работилница на тема: „Дефинирање на потребите на потрошувачите / клиентите и потрага по клиенти“.

Учесници на работилницата беа менаџери и вработени во секторите продажба, маркетинг и претпродажба кои за време на работилницата осознаа нови техники за ефективно и ефикасно следење и дефинирање на потребите на клиентите во насока на зголемување на продажбата.

Предавач на работилницата беше Сергеј Зафироски, oсновач и извршен менаџер на Агенцијата за истражување и консалтинг „Инсајдер ИД“, предавач на обуки и гостин спикер на конференции во областа на маркетинг, односи со јавност, стратегиски менаџмент и корпоративно планирање. Своето десетгодишно искуство стекнато во повеќе компании на позициите за продажба и планирање, најчесто во средно или високо ниво на менаџмент, го насочува кон истражувања на различни сегменти во пазарот, автор на бројни анализи и публикации и консултант во областа на креирање бизнис стратегии со големи компании од земјата и регионот.

Михајло Донев