ИНКОТЕРМС 2020 - РАЗБИРАЊЕ И ПРАВИЛНА ПРИМЕНА НА ПРАВИЛАТА

   

👁 Прочитано: 111


ИНКОТЕРМС 2020 - РАЗБИРАЊЕ И ПРАВИЛНА ПРИМЕНА НА ПРАВИЛАТА

Во насока на суштинско разбирање на најупотребуваните термини во меѓународната трговија со кои се олеснува размената на стоки и кои помагаат да се избегнат недоразбирањата меѓу партнерите, Стопанската комора на Македонија,  на  21.1.2020 година (вторник), од 12:00 до 18:00 часот, организираше  интерактивен семинар на тема: ИНКОТЕРМС 2020 - РАЗБИРАЊЕ И ПРАВИЛНА ПРИМЕНА НА ПРАВИЛАТА.

Предавач беше Карло Змајшек,  директор на Центарот за шпедиција во Макпетрол А.Д. Скопје, консултант со 30-годишно искуство во извозно-увозното работење и носител на авторските права за ИНКОТЕРМС 2010 на македонски јазик со одобрение на Меѓународната трговска комора од Париз.

м-р Елизабета А. Ефтимова