Ги очекуваме вашите проблеми, сугестии, иницијативи во рубриката КАЈ ДАНИ ЗА СИТЕ МААНИ.
Во рубриката ПОРАКА ОД... со свој осврт за уписната политика во средните стручни училишта и за потребата од вклученост на деловната заедница во креирање на образовните програми пишува м-р Анета Димовска, самостоен советник во Комората одговорна за анализи и истражувања на стопанскиот систем и економската политика. Во текстот осврнувајки се на ефекти на краток и долг рок, Димовска меѓу другото укажува и дека во целиот процес недостасува прагма и разбирање дека проблемите мора да се решаваат, не со повици и дописи, туку со конкретни акции, затоа што бизнисот ја „храни“ државата и кога тој повикува на решавање на одреден проблем, тоа не е личен проблем на компанија, тоа е проблем на државата.
- Во рубриката КИФ, за проектите коишто шесте комори од Западен Балкан ќе продолжат активно да ги имплементираат во 2020 година, како и за тоа дека приоритет на Коморскиот инвестициски форум во 2020та година остануваат активностите за креирање единствена Регионална економска област (РЕО).
- Во новата година, нови содржини за семинари, работилници во Едукативниот центар на Комората - http://www.mchamber.org.mk/default.aspx?mid=5&lng=1
Стопанската комора на Македонија има една цел - стабилен деловен амбиент, за компаниите да остварат раст на продуктивноста, конкурентноста, поголем извоз. Крајнот резултат е РАЗВОЈ. А развојот носи напредок. Постоиме за вас! |