ПЛАКЕТА НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ОД ЗДРУЖЕНИЕТО НА МЕТАЛУРЗИ
➢ Актуелно (20.12.2019)
👁 Прочитано: 2608



ПЛАКЕТА НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ОД ЗДРУЖЕНИЕТО НА МЕТАЛУРЗИ

Здружението на металурзите на Македонија, на седница на Генералното собрание, на која беше одбележана 20-годишнината од работењето на Здружението, додели Признание на Стопанската комора на Македонија за успешната и долгогодишна соработка помеѓу двете институции. Во изминатите години, Комората и Здружението соработуваа во реализацијата на повеќе настани, вклучувајќи го и осумте изданија на Меѓународниот конгрес на металурзите.

На седницата, за нов претседател на Здружението беше избран проф. д-р Горан Начевски од Технолошко-металуршкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Досегашниот претседател на Здружението, проф. д-р Свето Цветковски, накратко се осврна на актуелните прашања во областа на металургијата и предизвиците за развој на оваа важна индустриска гранка, како и на предизвиците за обезбедување квалификуван кадар за потребите на оваа индустрија.

На настанот, признанија и благодарници беа доделени на повеќе компании од секторот металургија и поврзаните дејности, како и на истакнати членови на Здружението, за нивниот придонес кон активностите на Здружението на металурзите во изминатите години.

Д-р Татјана Штерјова