ПРЕКУ БИМ АЛАТКАТА ПОДИГНАТИ КРИТЕРИУМИТЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНИ ОБЈЕКТИ

   

👁 Прочитано: 1505


ПРЕКУ БИМ АЛАТКАТА ПОДИГНАТИ КРИТЕРИУМИТЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНИ ОБЈЕКТИ

На состанокот на Управниот одбор на Проектот „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење – ТРАИНЕЕ“ кој се реализира во рамките на Програмата „Хоризонт 2020“, чиј координатор е Стопанската комора на Македонија, беа презентирани реализираните активности во првите 18 месеци од проектот, а се дискутираше и за активностите што се планираат во следната година. Притоа се истакна дека информативните настани и обуките кои беа спроведени во изминатиот период придонесоа БИМ алатката да биде претставена пред градежните професионалци (инженери, архитекти, техничари, итн.) со практични примери, со што се подигнаа капацитетите на градежните компании во насока на градење енергетски ефикасни објекти. Во периодот јуни - август 2019 година беа спроведени и обуките за обновливи извори на енергија во кои учествуваа над 70 градежни професионалци.

Во периодот што следи дополнително, Управниот одбор на проектот истакна дека е неопходно да се спроведат „on- line“ обуките организирани од БИМ Академијата, со што учесниците ќе се стекнат со европски признати сертификати. Поддршка беше дадена и на спроведувањето на процесот за препознавање на претходно стекнати вештини, што како процес се покажа како исклучително корисен во претходните проекти на BUILD UP skills Иницијативата на Европската комисија.

ПРЕКУ БИМ АЛАТКАТА ПОДИГНАТИ КРИТЕРИУМИТЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНИ ОБЈЕКТИПРЕКУ БИМ АЛАТКАТА ПОДИГНАТИ КРИТЕРИУМИТЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНИ ОБЈЕКТИ

 

Јадранка Аризанковска