ПАД НА ЦАРИНАТА НА СУРОВИНАТА И ОСИГУРУВАЊЕ НА СЕЗОНЦИТЕ ЗА РАСТ НА КОНЗЕРВНАТА ИНДУСТРИЈА

   

👁 Прочитано: 5253


ПАД НА ЦАРИНАТА НА СУРОВИНАТА И ОСИГУРУВАЊЕ НА СЕЗОНЦИТЕ ЗА РАСТ НА КОНЗЕРВНАТА ИНДУСТРИЈА

Випро од Гевгелија, една од најголемите и водечки конзервни компании во земјата, е основан 1992 год. во Гевгелија. Започна со производство на безалкохолни пијалоци, се продолжи со минерална вода, за потоа да се премине на производство на здрава храна и преработки од овошје и зеленчук.

Во начинот на производство се користи старата македонска традиција применувајќи ја најновата современа технологија.

Стратегија на компанијата е да се учествува на домашниот и меѓународниот пазар со здрава, вкусна, сигурна и квалитетна храна. Притоа, поврторно се ревитализира вкусот на нашите баби и дедовци, односко дел од вкусовите од Југоисточна Европа, Медитеранот и Македонија, кои се пример за здрава храна.

Производството се остварува со користење на стари традиционални домашни рецепти и користење на суровини од нашето пошитоко подрачје. Многу од начините за квалитетна и успешна обработка на суровините сеуште се применуваат на традиционален начин, посебно Випро модернизирани и тоа:

• на печење на суровината
• на рачно лупење
• на режење
• на сечење
• на дробење на суровината итн.

ПАД НА ЦАРИНАТА НА СУРОВИНАТА И ОСИГУРУВАЊЕ НА СЕЗОНЦИТЕ ЗА РАСТ НА КОНЗЕРВНАТА ИНДУСТРИЈАМожностите на фабриката - техничко технолошките се согласно стандардите што ја регулираат оваа материја како локално така и Меѓународно. Императив на фирмата е безбедна и квалитета храна затоа ГМП и HACCP принципите претставуваат управувачка алатка имплементирана од страна на одговорните лица кои ракуваат со храната.

Менаџерски тим постојано ги следи научните достигнувања во оваа област и истите перманентно ги остваруваат. Менаџментот за квалитет во производството на храна го опфаќа целиот синџир од фарма до трпеза (from farm to table). Секоја година високостручни кадри кадри присиствуваат на еминентни семинати главни низ Европа. Потребните суровини, освен од домашно производство, главно се снабдуваат од јжниот поширок регион.

Кооперантите и земјоделците од падините на планините Кожуф (Македонско - Грчката граница) и Беласица (Македонско - Грчка - Бугарска граница) и Гевгелиско - Валандовска котлина се обично мали традиционално организирани земјоделски стопанства, специјализирани за производство на свеж зеленчук во ограничени количини. Притоа секогаш квалитетот, аромата и карактеристичниот вкус на производите се стандардни и традиционално специфични. Притоа, од страна на компанијата се запазуваат сите потребни правила и стандарди за добивање квалитетни суровини (како домашни така и меѓународни). Производниот програм е составен од: Специјалитети од зеленчук, Кисел програм, Печен и подпечен програм, Сладок програм и Вакум програм.

Суровините доагаат од идеално еколошки здрава средина а императив на фирмата е да ги услужи своите потрошувачи со соодветни, сигурни, квалитетни, здрави и вкусни производи.

Новата фабрика која е отворена во 2012 година има капацитет од 20 милиони единици а реализирани се за сега 4 милиони единици(производи).

Од страна на сопственикот на компанијата, со кого остваривме средба, беше укажано на проблемите кои влијаат негативно на работата на домашните преработувачи и претставуваат бариера за нивен натамошен раст и развој. Потребно е укрупнување на парцелите кај домашните земјоделци, затоа што само на тој начин ќе имаме професионални фармери со сериозно производство. Истовремено треба да се симне високата царина од 50% на суровината како би се овозможил раст на компаниите и зголемил извозот, по примерот на Бугарија. Дополнително и локалната самоуправа создава проблеми кои само ги дестимулираат компаниите да не вложуваат и растат повеќе од постигнатото ниво.

Намалување на царината на суровината на 18% и тоа надвор од сезона, кога немаме производство, како и воведување повеќе типови на осигурување на сезонските вработени по моделот на некои земји (Австралија) се предлози од страна на ВИПРО со кој би се подобрила бизнис климата во преработувачката индустрија и создале подобри услови за раст на компаниите.

Васко Ристовски