Членките на Групацијата за оружје, опасни и експлозивни материи, пиротехнички средства и опрема за воена и цивилна намена при Стопанската комора на Македонија, во Комората одржаа работна средба со претставници од УНДП - Мери Атанасовски, проект менаџер, Лилјана Воденичарска, ИТ-експерт и консултант на проектот и Мартин Нацевски, проектен асистент.
На работната средба од име на Групацијата беа посочени проблемите кои се појавуваат кај компаниите при регистрација и електронското внесување на оружјето и муницијата во МВР поради некомплетниот шифрарник за внесување. За таа цел се истакна потребата од редовно ажурирање на истиот со моделите на оружје кои не се внесени. Новиот систем кој се подготвува од страна на УНДП, треба да им овозможи на компаниите внесувањето на податоците да биде поедноставно и поефикасно за нивното работење. Притоа членките на Групацијата посочија дека има потреба да им се овозможи пристап на компаниите до шифрарникот на оружје, како би можеле самите да го ажурираат истиот. Претставниците на УНДП истакнаа дека организацијата во секое време е подготвена за соработка и за состанок со претставниците на Групацијата.
Миле Стојчевски