ЕФИКАСНО И НАВРЕМЕНО РЕАЛИЗИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ВО СИТЕ СЕГМЕНТИ НА ГРАДЕЖНИШТВОТО

   

👁 Прочитано: 2164


ЕФИКАСНО И НАВРЕМЕНО РЕАЛИЗИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ВО СИТЕ СЕГМЕНТИ НА ГРАДЕЖНИШТВОТО

БВ Инженеринг е компанија која нуди комплетни услуги од областа на градежништвото во сите сегменти од високоградбата, нискоградбата и хидроградбата.  Покрај градежните работи, БВ Инженеринг нуди и услуги поврзани со градежни машини, проектирање и надзор и други услуги вклучувајќи и градежно – занаетчиски работи (молеро-фарбарски и гипсарски работи, лимарски работи, изработка на секаков тип на подови, ќерамичарски работи, браварски работи и друго).

На работната посета на компанијата што д-р Татјана Штерјова, директор на Дирекција и Нена Николовска од Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Македонија ја остварија со Крсте Неделковски, технички директор на БВ Инженеринг се дискутираше за стекнатите референци на компанијата која следната година го прославува полнолеството од своето постоење, предизвиците во работењето низ годините и планираните активности и проекти за следниот период. Од компанијата посветуваат внимание на кадрите, техничката опременост и проширувањето на палетата на услуги за навремено и квалитетно реализирање на проектите.

БВ Инженеринг располага со стручен кадар и опрема, а квалитетот на извршените работи и запазувањето на договорените рокови се врвни приоритети во нејзиното работење. Основна цел на БВ Инженеринг е постигнувањето на препознатлив квалитет на производот/услугата, постојано реализирање на барањата и очекувањата на клиентите преку квалитетна извеба и задоволување на сите технички стандарди и законски прописи. Главни определби за постигнување на поставените цели на работењето претставуваат системското управување на процесите, рационалната употреба на ресурсите, професионалниот однос на персоналот, партнерството со купувачите и добавувачите и почитувањето на техничките и законските прописи.

БВ Инженеринг има стекнато повеќе сертификати, меѓу кои и сертификатот Excellent SME Македонија кој го доделува Стопанската комора на Македонија.

м-р Нена Николовска