НОРМИРАН УЧИНОК ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПРОДУКТИВНОСТА ВО ПРОИЗВОДСТВОТО

   

👁 Прочитано: 1833


НОРМИРАН УЧИНОК ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПРОДУКТИВНОСТА ВО ПРОИЗВОДСТВОТО

На вкупна површина од 5000 метри квадратни, на просторот на некогашниот текстилен гигант ПреспаТекс, сместени се производствените објекти на “ХаТекс” Ресен, чија основна дејност е прозводство на конфекциски производи, со 170.

Повеќе години компанијата “ХаТекс” ДОО-Ресен се вбројува во редот на подобрите компании од текстилната индустрија, како во поглед на остварувањето на планските задачи, така и во поглед на постигнатите производствени и деловни резултати од работењето. Во сите овие изминати години од своето постоење, како резултат на современата организација на работа, рационалното користење на постојните ресурси, точно утврдените производствени програми за познат купувач, навременото и целосно извршување на зацртаните планови, како и другите позитивни фактори на работење, “ХаТекс” – Ресен достигна ниво на целосна искористеност на капацитетите, а квалитетот на производите обезбедува сигурен пласман на пазарите во странство.

Години наназад, оваа компанија врши лон-услуги за холандската фирма „ХаВеп-Импекс“, изработувајќи работни униформи за сите дејности – работни комбинизони, јакни, елеци со годишен капацитет од околу 170 000 единици од овој вид на производи.

НОРМИРАН УЧИНОК ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПРОДУКТИВНОСТА ВО ПРОИЗВОДСТВОТО Директорот на компанијата Јованчо Рајчановски потенцираше дека унапредувањето на производствениот процес, напорите во остварувањето на утврдените задачи и соработката со нашиот традиционален партнер од Холандија „ХаВеп-Импекс“, се темел во работење на компанијата. Во разговорот беа отворени голем број на прашања кои ја оптоваруваат текстилната дејност, како недостиг на стручна работна сили која се провлекува со години наназад, малата продуктивност во производството, како и проблемите околу зголемувањето на минималната плата. Со цел надминување на овие проблеми неопходно е повторно враќање на делот на нормиран учинок за производството, кој што е услов за зголемување на продуктивноста во производниот процес, а со самото тоа ќе се доведе и до зголемување на платите истанка г-дин Рајчановски.

Она што “ХаТекс“ дополнително ја издвојува како една од водечките компании  е  нивната посветеност кон заедницата каде што практично ја демонстрираат општествената одговорност и се вклучени како главен помагател и спонзор на повеќе спортски клубови и невладини организации од општинава.

Сашо Деспотоски