ПРАВА, ОБВРСКИ И ПРЕВЕНЦИЈА ОД ИЗРЕКУВАЊЕ НА ГЛОБИ НА РАБОТОДАВАЧИТЕ ПРИ СПРОВЕДУВАЊЕ НА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР

   

👁 Прочитано: 377


ПРАВА, ОБВРСКИ И ПРЕВЕНЦИЈА ОД ИЗРЕКУВАЊЕ НА ГЛОБИ НА РАБОТОДАВАЧИТЕ ПРИ СПРОВЕДУВАЊЕ НА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР

На 29.11.2019 година Во Стопанската комора на Македонија, а во организација на Центарот за едукација и развој на човечки ресурси се одржа еднодневен семинар на тема: ПРАВА, ОБВРСКИ И ПРЕВЕНЦИЈА ОД ИЗРЕКУВАЊЕ НА ГЛОБИ НА РАБОТОДАВАЧИТЕ ПРИ СПРОВЕДУВАЊЕТО НА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР И ИНСПЕКЦИСКИ РАБОТИ ОД ОБЛАСТА НА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ.

Предавачи на семинарот беа Трајче Костески, државен инспектор - советник по труд за Регион 7 при Секторот за инспекциски надзор од областа на работните односи во Државниот инспекторат за труд на Република Северна Македонија и Викторија Спасовска-Симоноска, правен консултант, Адвокатско друштво „Гоџо, Кичеец и Новаковски“, предавач на обуки, семинари и конференции со особен фокус на тематики од деловното и трудовото право.

На работилницата преку практични примери, дискусија и одговор на сите пројавени прашања и дилеми, се направи опфат на областите од работните односи на кои инспекцискиот надзор се однесува, вклучително: засновањето на работен однос со соодветен договор за вработување, правилно управување со обврските по однос на распоредот на работното време, паузите и одморите, како и обврските кои произлегуваат од исплаќањето на плата. Уште повеќе се анализираше постапката за инспекциски надзор, со напомени за превентивно дејствување на работодавачите, укажување за отстранување на повреди на закон и други прописи, спроведување едукација, сé со цел избегнување на пропишаните глоби.

м-р Анита Рафајловска