ОДБЕЛЕЖАНА 1 ГОДИНА УСПЕШНА РАБОТА И ИНВЕСТИЦИИ НА ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
👁 Прочитано: 789



ОДБЕЛЕЖАНА 1 ГОДИНА УСПЕШНА РАБОТА И ИНВЕСТИЦИИ НА ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Компанијата „Еуроникел Индустри“ одбележува една година успешна работа и инвестиции, како значаен чинител во македонската економија.  На пригодната свеченост по овој повод, свое обраќање имаа Маркос Камхис, директор на Инвестицискиот Фонд „ГСОЛ“ и Герасим Кујунџиев, генерален директор на „Еуроникел Индустри“.

Г-дин Камхис се осврна на успешниот пример на реорганизација на компанија над која беше отворена стечајна постапка, и посочи дека со основањето на  „Еуроникел Индустри“ , согласно планот за реорганизација, индустрискиот гингант „Фени“ беше спасен од затварање. Основачот го превзема управувањето на фабриката во 2018год., со договор за преработка на руда, и имајќи предвид дека располага со сопствени ресурси на висококвалитетна руда, високостручен и професионален кадар, а со финансиски капитал овозможи непречено работење на фабриката, и покрај неповолната состојба на пазарот на никел во тој момент, уште во првата година (2018год.) го надмина производниот праг над 10.000 тони никел, колку што фабриката произведувала претходните две години.

Г-дин Кујунџиев посочи дека планирањата се„Еуроникел Индустри“ да ја заврши 2019 година со обем на производство кој ќе надмине 15.000 тони, со што компанијата ќе реализира извоз од 200 милиони евра, односно ќе учествува во вкупниот македонски извоз со над 5%. При тоа, посочи дека особено треба да се истакне големата додадена вредност која ја креира фабриката, имајќи предвид дека од основна суровина се реализира финален производ, кој се извезува на пазарите ширум светот. Кујунџиев истакна дека со завршувањето на  активностите за реконструкција на втората електро-печка, се очекува во 2020 вкупниот обем на производство да надмине 20.000 тони, а учеството на оваа компанија во националниот БДП од 1,8% за 2019 година се очекува во 2020 година да порасне на 2,7%, и да продолжи да расте во следните години.

ОДБЕЛЕЖАНА 1 ГОДИНА УСПЕШНА РАБОТА И ИНВЕСТИЦИИ НА ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Во употреба свечено брше пуштена втората (од двете) електро-печки, при што станува збор за инвестиција од  15 милиони УСД, со што фабриката се стави во работа со полн капацитет. Зависно од пазарните услови, и направените инвестиции, како и исклучителните ресурси со кои располага „Еуроникел“, раководството проектира годишно производство од минимум 23.000т никел, со што кавадаречката фабрика за никел повторно ќе се искачи високо на листата светски производители на никел во форма на фероникел.

Д-р Татјана Штерјова