ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ОБВРСКИ НА РАБОТОДАВАЧИТЕ - плати, јубилејни награди, отпремнини за пензија, испратнини за технолошки вишок, дневници за службени патувања во земјава и во странство

   

👁 Прочитано: 887


ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ОБВРСКИ НА РАБОТОДАВАЧИТЕ - плати, јубилејни награди, отпремнини за пензија, испратнини за технолошки вишок, дневници за службени патувања во земјава и во странство

На 26.11.2019 година Во Стопанската комора на Македонија, а во организација на Центарот за едукација и развој на човечки ресурси се одржа еднодневен семинар на тема: ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ОБВРСКИ НА РАБОТОДАВАЧИТЕ- плати, јубилејни награди, отпремнини за пензија, испратнини за технолошки вишок, дневници за службени патувања во земјава и во странство. 

Предавач на семинарот беше Мери Каровска, дипломиран економист со уверение за овластен сметководител издаден од ИСОС. Таа е предавач на семинари, работилници на различни теми, со посебен акцент од областа на сметководството и банкарството.

Целта на еднодневниот семинар беше на учесниците да им се  овозможи едукација за правилното работењето во делот на користи за вработените. Работниците имаат право, а работодавачите имаат обврска за исплата на плата и надоместоци на трошоци и други лични примања од работен однос. Во рамките на семинарот беа опфатени сите специфични аспекти поврзани со темата и воедно,  се направи обид за практично расчистување на одредени дилеми кои се јавуваат во праксата, поврзани со предметната проблематика.

м-р Анита Рафајловска