МОТИВИРАЊЕ И ПОТТИКНУВАЊЕ НА ГЕНИЈАЛНОСТА КАЈ ВРАБОТЕНИТЕ

   

👁 Прочитано: 482


МОТИВИРАЊЕ И ПОТТИКНУВАЊЕ НА ГЕНИЈАЛНОСТА КАЈ ВРАБОТЕНИТЕ

Во организација на Центарот за едукација и развој на човечки ресурси при Стопанската комора на Македонија, на 22 ноември 2019 година се реализираше тренинг обука на тема: „МОТИВИРАЊЕ И ПОТТИКНУВАЊЕ НА ГЕНИЈАЛНОСТА КАЈ ВРАБОТЕНИТЕ“.

Тренинг обуката имаше за цел да им помогне на учесниците да разберат како генијалните и најмотивираните луѓе во светот се справуваат со овие предизвици и кој е природниот начин да останеме мотивирани и со позитивна енергија. Тренинг обуката беше базирана на откритијата на д-р Алфред Бариос, клинички психолог на УКЛА (UCLA), САД, кој има откриено дека сите успешни, високо мотивирани луѓе или генијалци имаат 24 заеднички карактеристики кои секој еден од нас може да ги вгради во својот карактер.    

Предавач на обуката беше д-р Жарко Костиќ, доктор по медицина, мотивациски говорник и тренер за личен развој, со одржани над 2000 предавања, учества на над 300 ТВ и радио емисии, кој воедно е и автор и водител на мотивациската ТВ емисија „Откриени тајни“.

Михајло Донев