УСПЕШНО СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОСТАПКИТЕ И УЧЕСТВО НА ТЕНДЕРИ ПО НОВИ ПРАВИЛА

   

👁 Прочитано: 152


УСПЕШНО СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОСТАПКИТЕ И УЧЕСТВО НА ТЕНДЕРИ ПО НОВИ ПРАВИЛА

На 21 ноември 2019 година со почеток во 10:00 часот, во сала 4 на 5-ти кат во Стопанската комора на Македонија, а во организација на Центарот за едукација се одржа еднодневен семинар на тема: УСПЕШНО СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОСТАПКИТЕ И УЧЕСТВО НА ТЕНДЕРИ ПО НОВИ ПРАВИЛА – ПРВИЧНИ ИСКУСТВА, ПРЕДИЗВИЦИ И НАЈЧЕСТИ ГРЕШКИ

Целта на овој семинар беше набавувачите и понудувачите детално да се запознаат со измените да ги увидат најчестите грешки и предизвици што ги нуди новото законско решение, се запознаа со новините и предностите со цел нивно правилно спроведување на постапките за јавни набавки како и подготовка на успешни и квалитетни понуди и учество на тендери според новите правила.

Темите како дела од програмата на семинарот беа поедноставени, побрзи и потранспарентни постапки за јавни набавки, избор на стоки, услуги и работи според критериум најдобра вредност за парите, поттикнување на поголемо учество на малите и средните претпријатија на пазарот на јавни набавки, намалени трошоци за учество и надоместоци за жалба, поголема информираност и увид во целокупната документација на постапката, помалку ризици и стабилна законска рамка кои се  само мал дел од новините кои се имплементирани во актуелното законско решение.

Предавачи беа преставници од Бирото за Јавни набавки кои се воедно и дел од тимот на изготвувачи на Законот за јавни набавки.

М-р Елизабета А.Ефтимова