БИЗНИС СРЕДБА НА МАКЕДОНСКИ И ЧЕШКИ КОМПАНИИ ВО ШТИП
➢ Актуелно (13.11.2019)
👁 Прочитано: 1574




БИЗНИС СРЕДБА НА МАКЕДОНСКИ И ЧЕШКИ КОМПАНИИ ВО ШТИП

Во организација на Амбасадата на Република Чешка во Македонија и Општина во Штип, а во координација со Регионалната комора при Стопанската комора на Македонија, беше одржана Бизнис средба помеѓу македонски и чешки компании од текстилната, конфекциската и кожарската индустрија.

Дваесетина сопственици и претставници на текстилни компании, дел од чешкиот текстилен кластер присуствуваа на форумот, кој од страна на штипскиот градоначалник Благој Бочварски еше оценет како многу значаен за градот, но и за текстилните работници.

„Значајно е  вмрежувањето меѓу компаниите од Чешка и нашите домашни компании со цел отворање нови можности, градење нови мостови, создавање нови работни места и нудење подобри и попристојни услови за работа со попристојни плати“, истакна Бочварски. Според него, општината треба да создава услови за соработка кои ќе бидат од корист на домашниот бизнис сектор и на граѓаните на општината.

Над 600 текстилни компании од Чешка се соочуваат со проблемот на недостаток од работна сила. 20 отсто од овие компании работат на финални производи, што e добар потенцијал за соработка со штипски конфекции, кои во најголем дел работат лон – истакна Јиржи Чесал, од чешкиот текстилен кластер. Взаемна желба за соработка изразија денеска претставниците  од Чешка и Македонија на бизнис форумот во Штип.

БИЗНИС СРЕДБА НА МАКЕДОНСКИ И ЧЕШКИ КОМПАНИИ ВО ШТИП

Бизнис средбата продолжува и во текот на утрешниот ден, со посета на повеќе штипски компании од текстилната, конфекциската и кожарската индустрија.

Моника Стоичева