ПРОНАЈДИ ИНВЕСТИТОР
➢ Актуелно (10.10.2019)
👁 Прочитано: 967




ПРОНАЈДИ ИНВЕСТИТОР

Регионалната комора со седиште во Битола при Стопанската комора на Македонија, заедно со Факултетот за информатика и комуникациски технологии од Битола, во рамките на Проектот „EMPLOYOUTH“, финансиран од ИПА-Програмата за прекугранична соработка со Грција, за млади до 35 години, реализираа настан за вмрежување насловен како „Пронајди инвеститор“.

Целта на вака организирана средба е да се поврзат млади лица со иновативни идеи со  искусни експерти од образованието и стопанството, во насока на креирање бизнис решенија како нови стартапи. Пред присутните беа презентирани процесите на пре-инкубација и менторирање на бизнис концептите, оценување на проектите и проценување на можностите истите да се искористат во реалниот сектор и во пронаоѓање идни инвеститори.

Проектот „EMPLOYOUTH“ се имплементира преку Факултетот за информатика и комуникациски технологии од Битола во партнерство со Регионалната комора со седиште во Битола и партнери од Грција во рамки на прекуграничната соработка, кои го презентираа бизнис моделот „CANVAS“ како начин на пронаоѓање нови идеи и оценување на бизнис плановите. Пред присутните беа презентирани и успешни стартап решенија од компаниите „Cosmic Development“ и „Nova Solution“.

Свое обраќање имаа и проф. д-р Игор Неделковски, проректор за наука на Битолскиот универзитет, деканот на ФИКТ - Битола, Андријана Боцевска, Јанис Бакурос и Елпида Самаран од Универзитетот на Западна Македонија - Кожани, како и Розита Талевска-Христовска, од Проектот „EMPLOYOUTH“.

Горан Попоски