Прес конференција на Стопанската комора на Македонија на тема: ПОГОЛЕМА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ ВО ОПШТИНИТЕ ПРЕКУ ПРОЕКТОТ „СОЗДАВАЊЕ УСЛОВИ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ЕСКО ПРОЕКТИ“

   

АКТУЕЛНО / 02.09.2019
👁 Прочитано: 652


Прес конференција на Стопанската комора на Македонија на тема: ПОГОЛЕМА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ ВО ОПШТИНИТЕ ПРЕКУ ПРОЕКТОТ „СОЗДАВАЊЕ УСЛОВИ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ЕСКО ПРОЕКТИ“

Проектот  “Создавање на услови за имплементација на ЕСКО проекти”  е финансиран од  Регионалната програма за енергетска ефикасност (РЕЕП), која е финансирана од Европската унија (ЕУ), раководена од ЕБРД во соработка со Секретаријатот на Енергетската заедница и има за цел да ги поддржи проектите за енергетска ефикасност и тоа  за улично осветлување во општините и малите дистрибутивни системи за греење. Истите се спроведуваат и финансираат од приватните енергетски компании (ЕСКО-Energy Service Company), односно фирми кои ќе даваат услуги во енергетскиот сектор, а кој се дефинирани со новиот Закон за Енергетска ефикасност. Околу  дваесетина општини во Република Северна Македонија искажаа интерес за проекти во Енергетската ефикасност за Јавно улично осветлување, но со имплементацијата на ЕСКО проектот за почеток ќе бидат опфатени пет-пилот единици на локалната самоуправа: Валандово, Македонска Каменица, Радовиш, Василево и Чешиново – Облешево.

Општините имаат корист од ресурсите на ЕСКО компаниите, имено финансирањето на ЕСКО проектите, спроведувањето и гарантирањето на изведбата за целото времетраење на проектите е од страната на ЕСКО компаниите. Општините ги отплаќаат проектите од заштеди на трошоците за енергија преку месечни ануитети. По истекот на договорот, опремата , како и целокупната заштеда на енергија  останува целосно во сопственост на крајниот корисник во овој случај Општината, Истакна координаторот на проектот Здравко Стефановски.

СОЗДАВАЊЕ УСЛОВИ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ЕСКО ПРОЕКТИ

Работилницата која ќе се одржи на 5 септември 2019 година во Стопанска комора на Македонија има за цел :

- Презентирање на  техничката документација за Јавно улично осветлување  изготвена од страна на првите пилот општини и тоа : Општина Василево, Македонска Каменица, Радовиш, Валандово и Чешиново Облешево;
- Презентирање на основните начела на  моделот на ЕСКО Договор или т.н. ЕПС ( Energy Performance agreement – Договор за енергетски услуги);
- Презентирање на Тендерската документација со соодветниот број на придружни Анекси;
- ЈПП постапка за објавување на Тендерската документација од страна на Општините
- Соодветни дискусии од страна на заинтересираните ЕСКО компании , Банките како и Општините.

Валентина Старделова од Секторот за енергетика во Министерството за економија, истакна дека ЕСКО компанија може да биде секоја што има експертиза за услугата што сака да ја даде, посебни услови и барања со закон не се дефинирани.

Перо Авакумовски