ПРОБЛЕМИ НА МАЛИТЕ ХИДРОЕЛЕКТРАНИ
➢ Актуелно (28.05.2019)
👁 Прочитано: 2483



ПРОБЛЕМИ НА МАЛИТЕ ХИДРОЕЛЕКТРАНИ

Групацијата на обновливи извори на енергија при Стопанската комора на Македонија, одржа седница на којашто се дискутираше за проблемите кои ги имаат малите хидро електрани во работењето. При тоа на состанокот  беше разговарано за надоместокот што малите хидро електрано го плаќаат согласно Законот за води и кој преставува финансиско оптеретување за фирмите, кои со добивање на концесија за вода се оптоварени со доплонителна давачка согласно Законот за води. На седницата, која ја водеше претседателот на Групацијата, Тодор Анѓушев, фирмите членки на Групацијата на обновливи извори на енергија изразија готовност овој проблем да биде решен преку иницијатива за измени на законската регулатива.

Истовремено беше посочено дека Малите хидро електрани се соочуваат и со проблеми предизвикани од навладините организации кои се занимаваат со животна средина, а кои се големи и нерешливи, бидејќи фирмите имаат добиено концесија за градба на мали хидро електрани, согласно склучени концесиски договори, но истите неможат да ги изградат заради не издавање на потребните дозволи од инстутуциите за добиените водотеци. Во таа насока, компаниите членки на Групацијата на обновливи извори на енергија при Стопанската комора на Македонија донесоа заклучок - со еколошките здруженија да се работи проактивно и да им се објасни дека малите хидро електрани не ја загадуваат животната средина и не го нарушуваат биодиверзитетот во околината.

ПРОБЛЕМИ НА МАЛИТЕ ХИДРОЕЛЕКТРАНИ

Перо Авакумовски