Асоцијацијата на осигурително-брокерските друштва при Стопанската комора на Македонија одржа редовна седница на која се дискутираше за актуелни теми и состојби во овој сектор.
Главна точка на дневен ред беше избор на претседател и потпретседатели на Асоцијацијата на осигурително-брокерски друштва. Присутните компании-членки на Асоцијацијата ја избраа Елена Тодорова од АМ Брокер – АД Скопје за нов претседател, а Верица Ѓоргиевска од Наше осигурување АД и Даниела Илиоска од ОБД Полиса Плус АД се избрани за потпретседатели на Асоцијацијата на осигурително-брокерските друштва
Досегашниот претседател на Асоцијацијата Верица Ѓоргиевска ги презентираше досегашните резултати и реализирани активности во изминатиот период, додека новоизбраниот претседател најави дека приритет во наредниот период ќе биде зголемување на бројот на членови во Асоцијацијата, поголема транспарентност и препознатливост во јавноста, институционално решавање на актуелните проблеми со кои се соочуваат компаниите од овој сектор, како и носење објективни заеднички решенија за професионално да одговори на предизивиците и за подобрување на работењето и развој на целокупниот сектор.
Влатко Стојановски