ВМРЕЖУВАЊЕ МЕЃУ РЕАЛНИОТ СЕКТОР И ОБРАЗОВАНИЕТО - „WORLD CAFÉ“ ВО БИТОЛА
👁 Прочитано: 2395




ВМРЕЖУВАЊЕ МЕЃУ РЕАЛНИОТ СЕКТОР И ОБРАЗОВАНИЕТО - „WORLD CAFÉ“ ВО БИТОЛА

Регионалната комора со седиште во Битола заедно со Факултетот за информатички и комуникациски технологии – (ФИКТ) Битола организираа несекојдневен настан за вмрежување меѓу иновативни и инспиративни млади луѓе и искусни експерти од образованието и стопанството.

Настанот е организиран во рамките на Проектот „EMPLOYOUTH“, финансиран од ИПА-Програмата за прекугранична соработка со Грција, кој се имплементира преку ФИКТ – Битола.

Проектот треба да овозможи креирање можности за вработување на младите дипломирани кадри во прекуграничната област и нуди поддршка на младите невработени и вработени кои сакаат да станат основачи на сопствени компании и сите оние млади до 35 години кои имаат идеја да започнат свој бизнис или проект. За таа цел и се организира вмрежување помеѓу селектираните бизнис предлози (концепти) од претходната фаза на проектот со познавачи на реалниот сектор од областа на финансии, маркетинг, планирање и иновативност.

Во рамките на овој проект е предвидено да се реализира акцелераторска програма која е дизајнирана да поддржува стартапи во рана фаза, со цел да се поттикне развој на иновативни идеи во повеќе области. Во период од 6 месеци универзитетскиот Акцелератор ќе обезбеди тренинг, обука и менторски услуги за учесниците кои ќе се пријават на првиот повик за учество акцелераторската програма. Програмата обезбедува:

• поддршка за дефинирање на идејата во бизнис план;
• поддршка и градење вештини за водење бизнис;
• пристап до инвеститори;
• вмрeжување.

Настанот беше реализиран по методот „World Café“, кој e структуриран разговорен процес за споделување знаења, при што групи луѓе разговараат за посочените теми на неколку посебни маси, со тоа што поединци периодично ги менуваат масите и се запознаваат со претходната дискусија на новата маса.

Повеќе компании - членки на Регионалната комора со седиште во Битола зедоа учество и дадоа свој придонес во конструктивните дискусии и пренесување искуства.

м-р Никола Димковски

м-р Никола Димковски
Регионална канцеларија Битола