МРЕЖНИТЕ ПРАВИЛА ПРЕД ДИСТРИБУИРАНИТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА
➢
Актуелно
(18.04.2019)
👁
Прочитано:
2265
Групацијата на обновливи извори на енергија при Стопанската комора на Македонија, на 17.4.2019 година, одржа седница на којашто се дискутираше за Предлог-мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија. Мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија треба да ги уредат условите и начинот на користење и пристап на дистрибутивниот систем на трета страна, техничко-технолошките услови и начинот на приклучување на дистрибутивната мрежа на потрошувачите и на производителите на електрична енергија. На седницата, која ја водеше претседателот на Групацијата, Тодор Анѓушев, покрај фирми-членки на Групацијата на обновливи извори на енергија присуствуваа и претставници од операторот на дистрибутивниот систем. Се разви конструктивна дискусија по која се заклучи дека Мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија треба да бидат изготвени така што ќе бидат лесно применливи и без давање поголеми права на некоја од страните. Сите забелешки што фирмите ги имаат во врска со Предлог-мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија, во писмена форма да ги достават до Регулаторната комисија за енергетика најдоцна до 22.4.2019 година.
Перо Авакумовски
Поврзани вести
▸
ПРЕКУ ЕФИКАСНО И ПРОФЕСИОНАЛНО РАБОТЕЊЕ НА СИТЕ ЧИНИТЕЛИ ДО НАМАЛУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА ВО БИЗНИС-СЕКТОРОТ
▸
ПОЧНУВА СО РАБОТА РУДНОТО ТЕЛО СО БАКАР „БОРОВ ДОЛ“
▸
Одржан „онлајн“ семинар во организација на Стопанската комора на Македонија на тема: ПОЗИЦИЈАТА НА ОФИЦЕРОТ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ СО НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
▸
Одржан „онлајн“ семинар во организација на Стопанска комора на Македонија на тема: „ Планирање, анализа, организација и реализација, на работењето во писарницата, преку отварање нови броеви (попис на документи) во деловодник (почеток на година), поврзување на броеви од мината година со нови броеви
▸
„Сивус“ станува дел од чешката групација „Арикома“
▸
Одобрени уште 8,8 милиони евра кредитни барања од Ковид 3 бескаматната кредитна линија преку Развојната банка на РСМ
▸
Средба на претседателот Пендаровски со раководствата на компаниите учесници во програмата „Млади менаџери и бизнис-лидери“
▸
ПАМЕТНИТЕ МУДРУВААТ, ХРАБРИТЕ ДЕЈСТВУВААТ
▸
ЗА 71 ОТСТО НАМАЛЕН БРОЈОТ НА ПАТНИЦИ ОД АЕРОДРОМИТЕ ВО СКОПЈЕ И ОХРИД
▸
Свислион ДОО Скопје - нов партнер на Општина Центар и Банка за храна МК во проектот „Нула Глад“
Испратете коментар
Вашата Е-адреса
Вашето прашање
ПРЕМИУМ ПОКРОВИТЕЛИ
ПОКРОВИТЕЛИ
СИЛВЕР ПОКРОВИТЕЛИ