ПРОЕКТОТ „ПАЗАРНО ОРИЕНТИРАНИ ВЕШТИНИ ЗА ОДРЖЛИВО ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНО ГРАДЕЊЕ – ТРАИНЕЕ“ ПРЕТСТАВЕН ПРЕД ЗДРУЖЕНИЕТО НА ЕНЕРГЕТИКАТА

   

➤ АКТУЕЛНО (27.03.2019)
👁 Прочитано: 4714


ПРОЕКТОТ „ПАЗАРНО ОРИЕНТИРАНИ ВЕШТИНИ ЗА ОДРЖЛИВО ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНО ГРАДЕЊЕ – ТРАИНЕЕ“ ПРЕТСТАВЕН ПРЕД ЗДРУЖЕНИЕТО НА ЕНЕРГЕТИКАТА

Здружението на енергетиката при Стопанската комора на Македонија, одржа седница на која беше претставен Проектот „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење – ТРАИНЕЕ“. Проектните активности ги спроведува Стопанската комора на Македонија, како координатор, во партнерство со: Здружението за бизнис и консултанти „Креација“, Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, Јавната установа Центар за образование на возрасните - Скопје (ЦОВ), Инженерската институција на Македонија (ИИМ) и WITS INSTITUTE SL (BIM Academy) Академијата БИМ од Шпанија. Преку Проектот, ќе се врши обука на стручен и технички кадар за инсталирање фотоволтаици и топлински колектори со цел зголемување на енергетската ефикасност на објектите. Обуките во рамките на Центарот ќе се развијат за сите занимања во градежниот сектор, како и за сите нивоа на квалификации, од работници до инженери, тоа се околу 10 занимања, кои би требало да ги надградат своите знаења за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, особено до делот на искористување на сончевата енергија. Инсталирањето на фотоволтаици и термални колектори на градби и во индустријата е многу важен сегмент со цел да се зголеми енергетската ефикасност на објектите, но притоа мора да се има  предвид дека треба да се запазат процедурите за инсталирање на истите и испораката на вишокот на енергија која треба да се врати во енергетскиот систем. Во рамките на Проектот, Здружението на енергетиката при Стопанската комора на Македонија активно ќе учествува во креирањето обуки за работници и инженери за инсталирање фотоволтаици со цел да се обучи кадар кој ќе може да одговори на се` поголемиот интерес за искористување енергија создадена од обновливи извори на енергија.

Се очекува голем интерес на фирмите кои работат во областа на обновливи извори, за обуките кои ќе се спроведуваат во рамките на овој проект.

Перо Авакумовски