На состанокот на Групацијата за безбедност и здравје при работа, одржан на 7.3.2019 година, се расправаше за изменување и дополнување на Законот за безбедност и здравје при работа и за измените и дополнувањата на подзаконските акти кои ја регулираат оваа дејност.
Во дискусијата се истакна дека се потребни измени и дополнувања на Законот безбедност и здравје при работа во насока на усогласување со регулативата од Европската унија, како и сите подзаконски акти.
Во рамките на Групацијата за безбедност и здравје при работа при Стопанската комора на Македонија во изминатиот период актуелизирани се одредени прашања и проблеми во врска со работата на фирмите кои се занимаваат со безбедност и здравје при работа.
За надминување на отворените прашања кај субјектите од дејноста на безбедноста и здравјето при работа, Групацијата при Стопанската комора на Македонија сака да биде активно вклучена во постапките кои се однесуваат на донесување нови или за изменување и дополнување на постојните законски и подзаконски акти во делот на безбедноста и здравјето при работа.
Како Групација за безбедност и здравје при работа, соработката со Министерството за труд и социјална политика се покажа и од позитивното решавање на иницијативата за измени и дополнувања на Правилникот за минимални барања за безбедност и здравје при работа на бремени работнички, работнички кои неодамна се породиле или дојат (донесен согласно измените на ЕУ-директивите) со подготовка на предлог-верзија која беше доставена до Министерството за труд и социјална политика во 2017 година
На крајот на состанокот се заклучи да се достави допис до Министерството за труд и социјална политика за поголема соработка со Групацијата за безбедност и здравје при работа при Стопанската комора на Македонија при секое носење на закони и други подзаконски акти, односно да биде консултирана Групацијата.
На состанокот беше договорено во наредниот период да се организира работен состанок со претставници на МАСИТ за нефискалните трошоци.
Војкан Николовски