ВО КИЧЕВО ОДРЖАНА НАЦИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ „БИОЕНЕРГЕТСКИ СЕЛА“
➢ Актуелно (20.12.2018)
👁 Прочитано: 1912




ВО КИЧЕВО ОДРЖАНА НАЦИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ „БИОЕНЕРГЕТСКИ СЕЛА“Кликни за повеќе

Националната конференција на тема: „Искористувањето на биомасата како обновлив извор на енергија во биоенергетски села и мали заедници“, се одржа во Кичево, а беше организирана во рамките на Проектот „Биоенергетски села (BioVill) - Зголемување на продорот на одржлива биоенергија на пазарот“, финансиран од Програмата на Европската унија за истражување и иновации „Хоризонт 2020“ (19.12.2018 година).

Игор Соколовски

На конференцијата присуствуваа градоначалникот на Општина Кичево, Фатмир Дехари, претседателот на Регионалната комора со седиште во Кичево, Игор Соколоски,  голем број претставници од институциите, бизнис секторот, од средните и основните училиштата и невладини организации кои имаат свој придонес за реализација на Проектот.

Наташа Марковска од „SDEWES“ – Скопје, ја истакна целта на Проектот, а тоа е поддршка на развојот на регионалните концепти за биоенергија, како и основање биоенергетски села, користејќи ги искуствата од европските земји.

Градоначалникот на Општина Кичево, Фатмир Дехари, го истакна значењето на Проектот за зачувување на животната средина преку обновливи извори на енергија, како и поголем локален економски развој.

Свое излагање имаа Васил Божикалиев за Проектот „Биоенергетски села (BioVill)“ и Љупчо Димов за „Концепт на биоенергетска заедница во Кичево“.

Од  Светска банка го презентираа Проектот на ЕБРД за регионална програма за енергетска ефикасност (РЕЕП) за Западен Балкан, со кој се обезбедува техничка помош на општините во подготовка на ESCО-проекти за тендери кои се целосно финансирани од фондовите на ЕУ, а беа претставени и можности за финансирање проекти.

Игор Соколовски

Во Регионалната комора со седиште во Кичево, како соработник на Проектот, заинтересирани чинители ќе можат да се информираат за Проектот. Проектот трае три години, почнувајќи од март 2016 година до февруари 2019 година, финансиран од Европската програма „Хоризонт 2020“.

Претставници на фирми  презентираа за енергетски ефикасни мрежи за централно греење и ладење и топлификационен систем на биомаса и комунален отпад, како и алтернативен економски развој на Кичевскиот регион - можности и предизвици.

Според Проектот, во Кичево со дрвени струготини ќе се затоплуваат најпрво три училишта и една детска градинка, а во втората фаза Проектот ќе се прошири и на резиденцијалниот дел на населбата Ламели и згради во близина на училиштата.

Дијана Лазороска Јованоска