РЕГУЛИРАЊЕ НА УВОЗОТ НА УПОТРЕБУВАНА ТЕХНИЧКА СТОКА И ЗАБРАНА ЗА НЕЈЗИНО ПУШТАЊЕ ВО ПРОМЕТ
➢ Актуелно (29.10.2018)
👁 Прочитано: 680



РЕГУЛИРАЊЕ НА УВОЗОТ НА УПОТРЕБУВАНА ТЕХНИЧКА СТОКА И ЗАБРАНА ЗА НЕЈЗИНО ПУШТАЊЕ ВО ПРОМЕТ

Групацијата на провајдери на дигитални решенија, која беше формирана во септември 2017 година во рамките на Стопанската комора на Македонија, продолжува со своите активности за воведување нови технологии и иновации во областа на дигиталното печатење и менаџмент со документи. Во изминатава година тие постигнаа значителен напредок во подигнувањето на свеста од штетните влијанија на старата ИТ-опрема. Но како што и самите велат, имаат уште многу работа до постигнување на главната цел – регулирање на увозот на употребувана техничка  стока и забрана за нејзино пуштање во промет. 

pres konferencija

Групацијата се дефинира како група од компании кои вложуваат неизмерно време и ресурси на македонскиот пазар да понудат најнови и висококвалитетни решенија во областа на дигиталното печатење и менаџирање со документи.

Во досегашното работење имаат остварено неколку средби со претставници од надлежните министерства, но како најважен чекор во постигнувањето на нивните барања го потенцираат нивното претставување како Групација на „Western Balkans Digital Summit“, со сопствен штанд на „Digital Expo“ и краток говор во програмата.

Групацијата продолжува да работи во остварување на барањата пред надлежните институции и се отворени за соработка со сите засегнати страни кои сакаат да станат дел од ваквото движење.

На прес-конференцијата, одржана на 29.10.2018 година во Стопанската комора на Македонија, претседателот на Групацијата, Александар Пајковски од „ДУНА“ - Скопје и потпретседателот на Групацијата, Мирко Мариќ, од „Еви Интернационал“ - Скопје, ги презентираа идните планови во насока на нивната цел:

          - воведување европски стандарди во врска со зачувувањето на животната средина во Република Македонија, промена на законската регулатива поврзана со увоз  и пуштање во промет на производи, особено од информатичката технологија, кои не се во согласност со европските регулативи, промовирање, како и за имплементација на најновите светски технологии од информатичката област, развој на информатичкото општество и дигиталната трансформација во Република Македонија.

Лазо Ангелевски