ОДРЖАНА СЕДНИЦА НА ГРУПАЦИЈАТА ЗА ОРУЖЈЕ, ОПАСНИ И ЕКСПЛОЗИВНИ МАТЕРИИ, ПИРОТЕХНИЧКИ СРЕДСТВА И ОПРЕМА ЗА ВОЕНА И ЦИВИЛНА НАМЕНА
➢ Актуелно (05.09.2018)
👁 Прочитано: 2256




ОДРЖАНА СЕДНИЦА НА ГРУПАЦИЈАТА ЗА ОРУЖЈЕ, ОПАСНИ И ЕКСПЛОЗИВНИ МАТЕРИИ, ПИРОТЕХНИЧКИ СРЕДСТВА И ОПРЕМА ЗА ВОЕНА И ЦИВИЛНА НАМЕНА  Кликни за повеќе

Групацијата за оружје, опасни и експлозивни материи, пиротехнички средства и опрема за воена и цивилна намена при Стопанската комора на Македонија, на седницата на Управниот одбор, одржана на 05.09.2018 година дискутираше за тековните состојби од областа на оружјето и идните насоки за дејствување на Групацијата.

На состанокот се дискутираше за динамиката на издавање на одобренијата за набавка на оружјето, при што беше оценето дека бројот на издадени одобренија за набавка на оружје континуирано се намалува во изминатиот период, за што е потребно да се утврдат причините за ваквите состојби, во која насока ќе се одвиваат и активностите на Групацијата во следниот период, но и дека е потребно надлежните органи – Министерството за внатрешни работи на РМ да ги преиспита причините поради кои се одбиваат голем дел од поднесените барања.

Членовите на Групацијата истакнаа и дека во моментот се соочуваат со потешкотии при реализацијата на постапките за доделување на договорите за јавни набавки за потребите на надлежните органи, од причина што постапките честопати се одолговлекуваат и бавно се спроведува нивната реализација, поради што во следниот е потребно во соработка со ресорните министерства да се отстранат одредени недоследности во постапките за да се овозможи непречено учество на фирмите и реализација на тендерите.

 

Дискутирајќи за актуелните прашања, Групацијата се осврна и на преспективите за компаниите од оваа дејност преку членството во НАТО и ЕУ. Во таа насока се дискутираше дека членството може да донесе придобивки за македонските компании за што во соработка со институциите во следниот период е потребно да се разгледаат и презентираат можностите за настап и учество во тендерите за јавни набавки на меѓународниот пазар, како и проширување на деловната соработка со компаниите од земјите – членки на овие меѓународни организации.

М-р Нена Николовска