АМБАСАДОРОТ НА СОЕДИНЕТИТЕ АМЕРИКАНСКИ ДРЖАВИ ВО ПОСЕТА НА РЕГИОНАЛНАТА КОМОРА СО СЕДИШТЕ ВО ПРИЛЕП

   

АКТУЕЛНО / 30.08.2018
👁 Прочитано: 898


АМБАСАДОРОТ НА СОЕДИНЕТИТЕ АМЕРИКАНСКИ ДРЖАВИ ВО ПОСЕТА НА РЕГИОНАЛНАТА КОМОРА СО СЕДИШТЕ ВО ПРИЛЕП

На 30.8.2018 година, делегација од Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија, предводена од амбасадорот на САД во Република Македонија, Н.Е. Џес Бејли, во придружба на градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски, остварија средба со бизнисмените  - членки на Регионалната комора  со седиште во Прилеп во рамките на Стопанската комора на Македонија. Фокус на разговорите беше вложувањето на домашните компании во насока на регионално поврзување, отворање кон европските и светските пазари, од аспект на конкуретност, стандардизација и иновативност на производството.

Во присуство на членовите на Управниот одбор на Регионалната комора, претседателката на Регионалната комора  со седиште во Прилеп, Ирена Јакимовска, дискусијата ја водеше и од аспект на перспективите на стопанството во прилепскиот регион како на домашниот пазар, така и кон надвор, за влијанието на странските инвестиции врз севкупниот стопански живот во регионот.

Како една од главните теми се наметна проблемот со недостиг на работна сила во сите сегменти на стопанството, особено недостиг на високостручен и средно квалификуван кадар, односно профили на кадри кои имаат познавање на одредени специфични вештини.

Во дискусијата свои видувања во однос на овој проблем искажаа главните менаџери на водечките компании во регионот. Притоа, се заклучи дека овој проблем е присутен и во нашето поблиско опкружување, односно во земјите во регионот.

Во разговорот се опфатија и други тековни проблеми со кои се среќаваат компаниите и се дадоа одредени предвидувања за натамошниот раст на компаниите, како и конкурентноста на европскиот и на светскиот пазар.

Горан Попоски