Верица Ѓоргиевска од „Наше Осигурување“ - Кочани останува претседател на Асоцијацијата на осигурително-брокерски друштва
➢ Актуелно (04.04.2018)
👁 Прочитано: 1368



Верица Ѓоргиевска од „Наше Осигурување“ - Кочани останува претседател на Асоцијацијата на осигурително-брокерски друштва

На  3.4.2018 година се одржа 26. седница на Асоцијацијата на осигурително-брокерски друштва при Стопанската комора на Македонија.

На седницата едногласно се донесе одлука Верица Ѓоргиевска од „Наше Осигурување“ – Кочани да остане претседател на Асоцијацијата уште еден мандат.

За потпретседатели на Асоцијацијата беа избрани Елена Тодорова од „АМ Брокер“ - Скопје и Александар Меловски од „АМГ Премиум“ - Скопје.

Исто така, на седницата беа усвоени Извештајот за реализирани активности на Асоцијацијата во изминатата 2017 година и Програмата за работа на Асоцијацијата на осигурително-брокерски друштва во 2018 година.

м-р Милена Перчинкова